Куман е чекор поблиску до отказ, само бод за Барселона против Кадиз

Нов разочарувачки натпревар и резултат за Барселона/ фото: EPA-EFE/ROMAN RIOS

Фудбалерите на Барселона одиграа нерешено без голови на гостувањето кај Кадиз во шестото коло во Ла Лига и го запишаа третото реми од стартот на првенството.

Се поизвесно е дела деновите на Роналд Куман како тренер на Барселона се избројани, , каталонците играат очајно, го забележаа третото реми и по шест кола имаат дури седум бода помалку од лидерот на табелата Реал Мадрид.

Каталонците на „Нуево Мирандиља“ одиграа лошо иако имаа 70 проценти од поседот на топката, но не создадоа ниту една вистинска шанса, а згора на тоа добија два црвени картони. Првиот беше на Френки де Јонг во 65. минута, додека вториот на Роналд Куман во судиското продолжение.

Барселона во наредното коло го пречекува Леванте додека Кадиз му гостува на Рајо Ваљекано.

Видео на денот