Куман: Барса не може да биде фаворит во Лигата на шампионите!

epa08664792 FC Barcelona's head coach Ronald Koeman (R) reacts during the pre-season friendly soccer match between FC Barcelona and Gimnastic de Tarragona at Johan Cruyff Stadium in Barcelona, Spain, 12 September 2020. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Утре (20. октомври) официјално започнува новата сезона во фудбалската Лига на шампионите, а Барселона во својот прв натпревар на домашен терен ќе ги одмери силите против Ференцварош (21.00 часот).

Во групата „Г“ со Унгарците и каталонскиот гигант се наоѓаат уште екипите на Динамо Киев и Јувентус кои на стартот ќе играат во Украина од 18.55 часот.

И натаму се зборува за срамниот пораз на Барса во минатата сезона и елиминацијата од Баерн Минхен (подоцна европски шампион) со резултат 8:2, а изминатиот викенд играчите на тренерот Роналд Куман во шпанската „Ла Лига“ изненадувачки загубија од Хетафе (1:0) за моментно дури деветто место во генералниот пласман со седум бода од четири натпревари.

– Во Барселона мора да играте за да освоите титули, на домашната и меѓународната сцена. Но, има силни клубови и морате да ги докажете вашите квалитети. После сето тоа што се случуваше во клубот, ние не сме фаворити, но можеме да стигнеме далеку. Ференцварош е еден незгоден тим и го почитуваме. Мораме да го запреме нивниот квалитет. Имаат добри играчи во одбраната и важни фудбалери во нападот. За нас најважно е да стартуваме со триумф во ЛШ – рече Куман на денешната прес-конференција.

Исто така, холандскиот стратег зборуваше и за слабиот старт на Лионел Меси оваа сезона.

– Мислам дека неговите перформанси можат да бидат подобри. Но, го гледам како секојдневно е среќен и тренира добро. Тој е фокусиран, сака да биде капитетнот и секако со голема желба да игра. Немам никакви забелешки и сомневања околу него – додаде Куман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот