Куман: Барса ќе си има проблеми доколку јас немам иднина!

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Тренерот на Барселона, Роналд Куман нема намера да си замине по крајот на сезоната, иако некои од претседателските кандидати веќе назначија свои кандидати за нов стратег на екипата.

В недела Жоан Лапорта, Виктор Фонт или Тони Фреиша ќе биде избран за шеф на Каталонците и можно е од наредното лето еден од нив да изрази желба да ангажира нов кормилар на клубот.

– Досега не разговарав со никого за мојата иднина, затоа што треба да почекаме да видиме кој ќе биде претседател. Тогаш ќе треба да се сретнеме со неговиот тим и да разговараме. Како и да е, доколку мислат дека нема да бидам важен за во иднина, ќе имаме проблем, бидејќи имам договор за уште една сезона – рече Куман.

Кога дојде пред почетокот на сезоната, Холанѓанецот потпиша договор на две години, но според некои информации истиот е 1+1 година – односно втората не е задолжителна. Но, холандскиот тренер ги негира таквите тврдења.

Останува да се види дали Барса со Куман ќе освои некој од трофеите сезонава, во шпанскиот Суперкуп загуби во финалето. Во Лигата на шампионите е пред елиминација во осминафиналето (ПСЖ, 1:4), а во „Ла Лига“ заостанува пет бодови зад водечкиот Атлетико Мадрид.

Барсагејт: Бартомеу пуштен од притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот