Кулушевски: Сон е да се игра за Јувентус, заедно со Роналдо!

фото: твитер

Швеѓанецот со македонско потекло имал понуди од Манчестер јунајтед, Челси и Интер, но на крајот се одлучи за „Старата дама“.

Дејан Кулушевски го избра Јувентус поради тактиките на тренерот на италијанскиот шампион, Маурицио Сари.

Веќе го реализираше трансферот од Аталанта во Јувентус за 35 милиони евра плус девет милиони евра во бонуси поврзани со перформансите на играчот, но останува на позајмица во Парма до крајот на сезоната.

Една од причините што го избрав Јувентус е тактичкиот аспект. Внимателно го студирав пристапот на Сари и мислам дека можам многу да направам во неговиот состав. Мојот омилен играч е Еден Азар, ги гледав сите негови натпревари, мислам дека можам да ја имам неговата улога што ја имаше во Челси тогаш со Сари.

Кевин де Брујн е еден од најдобрите пет играчи во светот. Тој е феноменален и сакам да бидам како него, но уште подобар – рече Кулушевски.

Швеѓанецот со македонско потекло имал понуди од Манчестер јунајтед, Челси и Интер, но на крајот се одлучи за „Старата дама“.

Сон е да се игра за Јувентус, покрај играчи како Кристијано Роналдо. Мое е да докажам дека му припаѓам на тој тим – додаде Кулушевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот