Кулушевски од Парма не сака да игра за Македонија

twitter.com/ParmaCalcio_en

Претходно веќе објавивме дека селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот за претстојните квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2020 година против Словенија во Скопје и Полска во Варшава.

На денешната прес конференција, освен очекувањата за важните дуели за пласман на континенталниот собир имаше и прашање околу потенцијално ново репрезентативно име, талентираниот Дејан Кулушевски кој моментно ги брани боите на калчолигашот Парма.

Пред три години играше за У16 репрезентацијата на Македонија и одигра неколку пријателските натпревари и постигнуваше голови против Србија, Црна Гора, настап против Италија, каде што го покажа својот голем талент и со надежи дека во иднина би можел да игра за сениорскиот состав.

Годинава е на позајмица во Парма (од Аталанта) каде што веќе блеска со одлични партии во Серија А и ги тресе мрежите.

– За да биде запознаена и јавноста, пред три години во Охрид кога разговаравме му понудивме да игра за нашата репрезентација, неговиот одговор беше дека сака да игра за Шведска. Исто така пред еден месец разгоравме со неговите родители, се обидовме повторно да го повикаме да биде дел од македонската репрезентација. Неговиот одговор остана ист, сака да ја претставува Шведска. Ете јас го дадов сиот максимум да го ангажираме Кулушевски, на крајот добивме негативен одговор – изјави Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот