Кулушевски ја најави победата на Јуве, успешно деби и за Пирло! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус со убедлива победа против Сампдорија (3:0) ја започнаа одбраната на титулата во Серија А со успешно деби на новиот тренер Андреа Пирло.

„Старата дама“ вечерва ја оправда фаворитската улога, дојде во водство од 13 минута со голот на Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски (1:0) кој исто така дебитираше во дресот на италијанскиот шампион.

На следниот гол во Торино се чекаше до 78 минута, во една мешаница најдобро се снајде дефанзивецот Леонардо Бонучи кој стрелаше од непосредна близина (2:0).

Во 88 минута конечниот епилог го постави Кристијано Роналдо после асистенцијата на Арон Ремзи. Правовремено беше пронајден португалскиот интернационалец, а овој искусно со удар по земја ја затресе мрежата на Аудеро.

„Старата дама“ во второто коло ќе гостува кај Рома, а екипата на Сампдорија првите бодови ќе ги брка на домашен терен против Беневенто.

Во текот на неделната програма Наполи на Елиф Елмас славеше кај Парма, потоа Горан Пандев ја стартуваше сезоната со убав гол во победата од 4:1 над Кротоне, а ремизираа Сасуоло и Каљари (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот