Кулушевски би можел да направи трансфер во Премиер лигата

дејан кулушевски
Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски има понуда од Тотенхем/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Новинарот Фабрицио Романо денеска информираше денеска шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски би можел да го облече дресот на Тотенхем.

Швеѓанецот со македонско потекло е член на Јувентус од 2019 година кога дојде од Аталанта за 35 милиони евра, но не ги исполни очекувањата на „Старата дама“ во целост.

Заслуга за тој трансфер во Јуве имаше директорот Фабио Паратичи, човек кој работи токму во Тотенхем и сега е повторно желба.

Преговорите траат веќе подолг период, а Јувентус сака Тотенхем да го откупи договорот на овој играч или дојде како позајмица со опција за откуп на договорот.

Денеска италијанскиот гигант го најави новото засилување, српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ. Исто така Тотенхем покажа интерес да го доведе Родриго Бентанкур на позајмица, но Јуве не го дозволува тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот