Кулушески го спаси Јувентус од пораз, браќата Инсиње испишаа историја во Серија А (ВИДЕО)

epa08773861 Juventus' Dejan Kulusevski (C) scores the 1-1 equalizer during the Italian Serie A soccer match between Juventus FC and Hellas Verona FC in Turin, Italy, 25 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на италијанскиот шампион освоија само бод во Торино против Верона во рамките на петтото коло до Серија А.

Јувентус не успеа да ја победи Верона, одигра 1:1 и по трет пат во петте кола ремизира со што уште еднаш покажа колку му недостасува Кристијано Роналдо кој е позитивен на коронавирус.
„Старата дама“ со девет бода се наоѓа на делба на петтото место со Аталанта и Сампдорија, додека Верона има бод помалку.

Фудбалерите на Јувентус беа подобри во поголем дел од натпреварот, но беа приморани да бркаат негатива. Верона поведе во 60. минута со голот на Андреа Фавили по одличната асистенција на Заканџи. По примениот гол, тренерот Андреа Пирло нареди тотална офанзива и тоа вроди со плод во 78. минута кога Македонецот со шведски пасош, Дејан Кулушевски постигна гол.

Петтото коло од Серија А го одбележаа браќата Инсиње, Роберто и Лоренцо кои играат за Беневенто односно Наполи.
Токму во меѓусебната пресметка тие остварија неверојатно постигнување, и двајцата постигнаа гол, што е прв случај во историјата на Серија А, двајца браќа кои играат еден против друг да постигна гол на ист натпревар.

Помладиот од браќата, Роберто во 30. минута му донесе водство на Беневенто, но Наполи направи пресврт во второто полувреме. Лоренцо Инсиње во 60. минута израмни на 1:1, а седум минути подоцна, Андреа Петања погоди за три бода за Наполи.

Резултати:
Калјари – Кротоне 4:2
Беневенто – Наполи 1:2
Парма – Специа 2:2
Фиорентина – Удинезе 3:2
Јувентус – Верона 1:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот