Во прилепскиот театар премиера на „Дороти се враќа во Оз”

Во прилепскиот театар премиера на „Дороти се враќа во Оз”

50
SHARE

Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ денеска премиерно ќе биде изведена детската претстава „Дороти се враќа во Оз“ во режија на Кирил Петрески. Ова е првата премиера во календарската 2018 година на репертоарот на прилепскиот театар.

Според режисерот Петрески, претставата е продолжување на авантурите на Дороти.

– „Дороти се враќа во Оз“ е втор дел на популарната претстава „Волшебникот од Оз“. Дороти се враќа кај своите пријатели од Оз, кои на најмладата прилепска публика и се веќе добро познати и заедно со нив се бори против уште еден негативец кој ја узурпира власта во Оз. Во подготовките внесовме многу труд и љубов. Се надевам дека оваа претстава ќе го има успехот на првиот дел кој, со мали паузи, се играше десет години на сцената на театарот, вели Петрески.

Во претставата играат Марија Спиркоска – Илијеска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Јасмина Мицовска – Станкоска и Катерина Чакмакоска – Клинческа.

Сценографијата е на Пеце Ристески, костимите на Александар Џинго, а музиката ја компонираше Томе Темелкоски.

Со ова прилепскиот театар ја почнува календарската 2018 година.

(МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY