„Триптих за Македонија“ издадена на англиски јазик

Препевот е на Драги Михајловски, а јазичната редакција и стилизацијата на стиховите ја изврши Бредли Досон

107

Во издание на Матица македонска од Скопје, излезе од печат на англиски јазик поетската книга „Триптих за Македонија“ од Раде Силјан.

Препевот е на Драги Михајловски, а јазичната редакција и стилизацијата на стиховите ја изврши Бредли Досон, познат книжевник и универзитетски професор од встралија. Изданието е илустрирано со цртежи од академскиот сликар Павле Кузмановски.