Старделов: Горан Стефановски беше феномен со универзално значење

185

Петминутен аплауз за Горан Стефановски, амблемска фигура на македонската драматика. Вака заврши комеморацијата во Драмски театар, на која дојдоа  колеги, пријатели,  претставници на поширокото семејство, да му изразат почит  на починатиот драмски писател , професор и академик, Горан Стефановски. Тој е една од најзначајните појави во повоената македонска книжевност, писател со поинаков код, чии драми допрва ќе се толкуваат, истакна академик Ѓорги Старделов. Тој за Стефановски зборуваше како за монументална фигура од нашата култура, која откривајќи ја татковината во своето творештвото , го откривала светот и обратно.

-Станува збор за еден феномен кој нема регионално значење, туку има светско , универзално значење. Затоа е тој најзначајната монументална фигура во нашата култура, рече академик Ѓорги Старделов-МАНУ.

Горан Стефановски почина по кратко боледување, на 27 ноември во Кентербери- Англија , на 66 години. Беше кремиран на 5 декември, а по негова желба,  пепелта ќе биде расфрелена во Охридското езеро.