Споменик на Горан Стефановски ќе биде подигнат во Дебар Маало

Горан Стефановски почина во ноември минатата година на возраст од 66 години, по кратко, но тешко боледување. Последните години од својот живот ги помина во Англија, во близина на Лондон.

151

Општина Центар ќе подигне споменик на македонскиот драматург Горан Стефановски во Дебар Маало. Иницијативата за споменикот ја поднеле од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

„Советниците на Општина Центар ја  усвоија иницијативата на Македонската академија на науки и уметностите за поставување на спомен обележје на драмскиот писател и член на МАНУ надвор од работниот состав, Горан Стефановски. Спомен обележјето на Стефановски ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот ‘Идадија’“, соопштија од Општина Центар.

Горан Стефановски почина во ноември минатата година на возраст од 66 години, по кратко, но тешко боледување. Последните години од својот живот ги помина во Англија, во близина на Лондон.

Горан Стефановски е еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските ,,Диво месо“, ,,Тетовирани души“, ,,Дупло дно“, ,,Лет во место“ и многу други.