Смртта на лекторатот по македонски јазик во Брно, Чешка

Во интервјуто за Факултети.мк, Диме Митревски раскажува на што бил очевидец во изминатите две години и како полека згаснал лекторатот по македонски јазик.

489
Фото Факултети.мк

Прекинавме една традиција што почнала во 60-тите години. За да се вратиме на статусот на студиска програма по македонистика и лекторат рамноправен со другите на Институтот, сега би требало одново да почнеме процедура за отворање таква програма најрано од академската 2019/2020 година, пишува Факултети.мк.

Лекторатот по македонски јазик во Брно, Чешка, згасна по шеесет години делумно поради аномалии на нашиот систем за назначување лектори во странство и нивно финансирање и најмногу поради неумешната и непрофесионална комуникација на надлежните при Семинарот за македонски јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вели Диме Митревски, докторанд на Филозофскиот факултет при Масариковиот универзитет во Брно, поранешен дипломец на катедрата за англиски јазик и книжевност на скопскиот Филолошки факултет (со чешки јазик и книжевност како втор студиум). Во интервјуто за Факултети.мк, Митревски раскажува на што бил очевидец во изминатите две години и како полека згаснал лекторатот по македонски јазик.

Целосното интервју прочитајте го ТУКА.