Скандалозна распределба на парите во културата: Нема средства за скопскиот Џез фестивал и Офф фест

Додека одржувањето на овие два култни фестивала е за прв пат доведено под прашање, од музичко сценска дејност , најмногу пари годинава во овој сегмент има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, вкупно 3,5 милиони денари или 56 илјади евра за фестивал „Меридианс“ и за концерт „Класик и рок мјузик“.

315

Со Годишната програма на Министерството за култура која беше објавена утрово укинати се финансирањата на бројни музички манифестации додека непознати лица и фирми добиваат огромни средства од буџетот, сосема несоодветно за нивната култура-уметничка продукција, и апсурдно во споредба со клучни манифестации како, на пример, Скопскиот џез фестивал.

Скопскиот џез-фестивал, фестивалот „Оффест“, биле отфрлени на конкурсот.

Додека одржувањето на овие два култни фестивала е за прв пат доведено под прашање, од музичко сценска дејност , најмногу пари годинава во овој сегмент има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, вкупно 3,5 милиони денари или 56 илјади евра за фестивал „Меридианс“ и за концерт „Класик и рок мјузик“.

Наспроти ова, скопскиот „Таксират“ добил само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони.

Реагираше и Бобан Милошески од Авалон продукција од каде аплицирале со проектот „Авалон Колинг“ во рамки на кој се предвидувале серија концерти.

– Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продукција наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид. Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери. Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи – вели Милошески.

За концерти на Влатко Стефановски и Мирослав, 21 година од издавање на албумот „Крушево“, одобрени се само 250 илјади денари, иако биле побарани над 2 милиони денари.

Куриозитет на програмата е што во рамки на интердисциплинарната дејност за Македонската фризерска асоцијација за Фестивал на мода, убавина и фризура добива 250.000 денари.