Размена на книги и книжевни муабети во кафуле „Метаноја“ во Скопје

115

Фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“ утре (19 јануари) организира настан во Скопје на кој ќе може граѓаните да разменат прочитани книги.

– Секој кој сака може да си донесе прочитани книги кои ќе ги размени со прочитаните книги на другите гости присутни на настанот, по желба, книга за книга. Ве очекуваме, да се дружиме и размениме книги, да си ги подновиме библиотеките, и да размениме книжевни муабети – повикуваат организаторите.

Настанот ќе се одржи во литературно кафе „Метаноја“ кое се наоѓа на улицата Максим Горки во центарот на Скопје со почеток во 19 часот.