Познати сите детали за четиридневниот фестивал во Охрид!

80

После минатогодишното издание на OHRID CALLING кое со спектакуларните настапи на Dimitri Vegas & Like Mike и Armin van Buuren навистина направи од фестивалот бренд денес познат низ целиот свет, пред вас е годинешниот line-up којшто го сочинуваат 16 светски артисти кои ќе настапат на досега кај нас невидено четиридневно доживување, на се очекуваат минимум 20.000 посетители по ден, од цела Европа.

Покрај имињата на артистите, објавени се и цените на влезниците кои ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, 11-ти март во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА:
ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 2.990 денари (49 евра)
ФАН ПИТ- 3.990 денари (65 евра)
ВИП – 6.000 денари (100 евра)

EДИНЕЧНИ ЦЕНИ НА ВЛЕЗНИЦИ ПО ДЕН:
ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 1.200 денари (20 евра)
ФАН ПИТ- 1.990 денари (33 евра)
ВИП- 3.000 денари (49 евра)