Политичката сатира „Нема да платам“ премиерно во НУ Театар Комедија

Изборот на музика го изврши Александар Јорданов, а драматург е Дарко Јан Спасов. Во последната премиера за годинава на НУ Театар Комедија Скопје играат: Атанас Атансовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски.

68

НУ Театар Комедија Скопје ќе ја заокружи годината со премиерата „Нема да платам“ од Дарио Фо во режија на Александра Кардалевска. Сценографијата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска.

Изборот на музика го изврши Александар Јорданов, а драматург е Дарко Јан Спасов. Во последната премиера за годинава на НУ Театар Комедија Скопје играат: Атанас Атансовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски.

Политичката сатира „Нема да платам“, на добитникот на Нобеловата награда за литература, италијанскиот драмски писател, сценарист, режисер, актер и борец за човекови права и еднаквост Дарио Фо, ги пресликува реакциите на потрошувачите против зголемување на цените и е провокативна реакција против злоупотребите и неправдата на општеството. Претпремиерата е закажана на 26.12 среда, премиерата на 27.12 четврток, а репризата е на 22.01.2019.

Со оваа премиера НУ Театар Комедија ја реализира во целост програмата за работа за 2018 година.