Почнува Берлинале: Закажани 8 проекции на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

На Булеварот на ѕвездите „Allee der Sterne” од минатата недела веќе се поставени и огласни табли со официјалниот постер на филмот.

58

Почнува Берлинале за кој Берлин веќе недели наназад е во знакот на филмот, културата и традицијата на овој фестивал.

Престижниот филмски фестивал Берлинале почнува утре, а за македонскиот претставник за Златна мечка, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, има закажано 8 проекции.

На Булеварот на ѕвездите „Allee der Sterne” од минатата недела веќе се поставени и огласни табли со официјалниот постер на филмот.

Берлинале секоја година привлекува над 350.000 посетители од целиот свет и 4.500 акредитирани новинари.