„Оревокршачка“ в среда и в сабота во МОБ

Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски.

30

Балетската претстава „Оревокршачка“ оваа недела ќе има две изведби во МОБ, и тоа в среда, 30 јануари, и в сабота, 2 февруари, со почеток во 20 часот.

Се работи за детска бајка чиј автор Т. А. Хофман, дејствието го поврзал со празнувањето на големите празници. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирал Петар Илич Чајковски.

Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски.

„Овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не ѝ е доста од „Оревокршачка“ пред и по Нова година, секоја година“, се вели во најавата за претставата.

Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.