Награда за најдобар филм за „Јавачи на коњи“ на фестивал во Непал

Ова е втора награда за „Јавачи на коњи“ кој претходно  доби награда за најдобар филм и на фестивал (Fam Fest International 2018) во Северна Каролина, САД.

59

Филмот „Јавачи на коњи” по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал Јала (Yala International Film Festival) во Непал.

Се работи за независен филм – социјална драма, во кој главните улоги ги играат  Бобан Кулески, Никола Кузелов и Долорес Поповиќ.  Филмот е снимен во Скопје во 2016 година.
Одлуката на жирито била едногласна и со оценка дека филмот е „интимен портрет на изгубените генерации од постконфликтната Југославија“.

Ова е втора награда за „Јавачи на коњи“ кој претходно  доби награда за најдобар филм и на фестивал (Fam Fest International 2018) во Северна Каролина, САД.

Филмот досега има учествувано на голем број фестивали во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка, Швајцарија, Полска, Чешка, Романија и Бугарија.