„Murder Ballads” – концерт на Филхармонијата за Денот на вљубените

„Murder Ballads” – концерт на Филхармонијата за Денот на вљубените

29
SHARE

„Murder Ballads“, според албумот на Ник Кејв, е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените. Програмата на концертот, кој ќе го води диригентот Џијан Емин, е избрана од продуцентскиот тим на Филхармонијата.

– Одлучивме овој концерт по повод Денот на вљубените да го направиме за нас, да избереме дел од музиката што ја сакаме и ја слушаме. Првпат во историјата на оваа институција, првпат во Македонија, вечерашните теми ќе прозвучат со симфониски оркестар. Тоа се дела на автори кои несомнено ја збогатија светската музичка мапа со своето присуство, надвор од клишето, наметнувајќи нови стандарди и нови начини на размислување преку музиката и поезијата. Нас оваа музика, сосема интимно, нè порасна, нè созреа, ни го покажа патот низ звучната шума, беше и наша душевна камера опскура, наведуваат продуцентите.

Концертот „Murder Ballads“ ќе понуди музика на инспиративни уметници или бендови, секој со автентична креативна физиономија, а сите тие, наведуваат организаторите, во текот на својот живот стекнаа култен статус: Леонард Коен, Боб Дилан, Ник Кејв, Лу Рид, Том Веитс, Џони Кеш, Ненси Синатра…, групите „Портисхед“ и „Масив атак“.

– Нашето музичко патешествие, како тим на Македонска филхармонија, не завршува тука, кога станува збор за реализација на концерти надвор од редовната репертоарска политика. Ветуваме уште поубави музички случувања, бидејќи, се чини, музиката е бескрајна, во неа може толку многу да се истражува, наведува тимот продуценти кои ја избраа програмата за вечерашниот концерт.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY