Комеморација за Горан Стефановски на 10 декември во НУ Драмски театар

161

Во НУ Драмски театар Скопје на ден 10.12.2018 година (понеделник), во 12:00 часот ќе одржи комеморација за Горан Стефановски, се вели во соопштението на НУ Драмски театар.

Покрај ансамблот на НУ Драмски театар Скопје, обраќање за делото на Горан Стефановски ќе имаат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, Факултетот за драмски уметности, Филолошкиот факултет и Друштвото на писатели на Р. Македонија.