Иван Бабамовски ја претстави својата десетта книга „Шпионажата како најстар занает“

272
Фото: Слободен печат

На актуелната власт и препорачувам да го исчисти „сметот“ од службите за безбедност и полициските структури. Да донесе млади и образовани кадри, кои биле со години настрана од настаните во нашата земја, по што да се започне со поставување на кадри во службите за безбедност. Во овој голем проект најмногу треба да помогнат премиерот Зоран Заев, кој е главен во овој процес, но и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ова денес во Домот на АРМ во Скопје го рече професорот по безбедност Иван Бабамовски на промоцијата на својата десетта книга под наслов „Шпионажата како најстар занает“, дело работено 10 години, кое е во издание на „Академски печат“ од Скопје.

Бабамовски во ова дело го следи историјатот на разузнавачката и контраразузнавачката дејност од нејзините почетоци до денес, со посебен осврт на работата на современите балкански служби, големите безбедносни агенции, како и современите закани од тероризам, влијанието на новите интернет-технологии и алатки во разузнавачките и контраразузнавачките активности во цел свет.