Германскиот бокс-офис хит, инспиративната комедија „Тегла полна живот“ во домашните кина

Филмот е во режија на Флоријан Рос и трае 95 минути. Официјална премиера имаше минатата година во Германија.

35

Неодамнешниот бокс-офис хит во Германија, инспиративната комедија „Тегла полна живот“ на ѕвездата Јела Хазе од денеска (07.03.2019) се прикажува во домашните киносали.

Хазе ја игра Марлен, млада жена чијшто живот сѐ уште не почнал. Веќе во своите рани дваесетти, таа сѐ уште живее со родителите и нема никакви цели и аспирации. Заглавена во монотонија од којашто не гледа излез, дури и нејзиниот сакан постар брат не може да ја спаси од нешто што ѝ личи на вечна криза. Кога ќе ја разбуди една лична трагедија, Марлен тргнува во авантура за којашто очигледно не е спремна: брод ја чека во Хамбург за да ја однесе до Антарктикот. Но, како ли ќе стигне до таму со само осум евра во џебот? Тоа е почетокот на едно епско патување, кое е исто толку духовито колку и емотивно.

Филмот е во режија на Флоријан Рос и трае 95 минути. Официјална премиера имаше минатата година во Германија.

Дистрибутер за Македонија е „Катавеј“, а дистрибуцијата е поддржана од „Герман филмс“.