Две изведби на балетската претстава „Оревокршачка“ во МОБ

47

Македонска опера и балет најави две изведби на балетската претстава „Оревокршачка“ во среда, 30 јануари, и во сабота, 2 февруари, со почеток во 20 часот.

Се работи за детска бајка чиј автор,Т.А.Хофман, дејствието го поврзал со празнувањето на големите празници. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирала Петар Илич Чајковски.

„Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени. Се надеваме на радост на нашата најмлада публика, иако претставата е приемчива и за останатите возрасти. Овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не ѝ е доста од ‘Оревокршачка’ пред и по Нова година, секоја година“, велат од МОБ.

Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1) и Мими Поп Алексова-Атанасовска (02.2), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет.

Диригент  е Бисера Чадловска.