„Диско треска“ по повод Василица во МОБ

Диригент на концертот е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев. Публиката ги слушна најдобрите диско хитови од 70-тите години од минатиот век во целосно нови симфониски аранжмани.

57
МОБ

„Диско треска“ („Disco Fever“) е традиционалниот концерт што по повод празникот Василица беше изведен во саботата, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет. Концертот „Диско треска“ ќе има свое второ издание вечерва во 20 часот во МОБ.

Диригент на концертот е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев. Публиката ги слушна најдобрите диско хитови од 70-тите години од минатиот век во целосно нови симфониски аранжмани.

Беа изведени хитовите „Staying Alive“, „Night fever“, „Hot stuff“, „Upside down“, „Ain’t nobody“, „Dancing queen“, „That’s the way like it“, „Don’t stop till you get enough“ и многу други популарни хитови на Глорија Гејнор, Дона Самер, АББА, „Би Џиз“, Мајкл Џексон, „Бони М“ и останати диско изведувачи во живо со оркестарот и балетот на МОБ.

На концертот настапија Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова, Лина Авшар. Специјален гостин беше Кире Ѓоревски.