Актерот Благој Веселинов ја прими наградата „Шутинг старс“ на Берлинале

Доделувањето се одржа во салата „Берлин палас“, а наградите ги врачија режисерката Теона Митевска и актерот од Исланд, Ингвар Сигурдсон.

248

Нашиот актер, заедно со другите европски учесници на „Шутинг старс“ на Берлинале, вечерва ги подигнаа свите награди за млади ѕвезди.

Доделувањето се одржа во салата „Берлин палас“, а наградите ги врачија режисерката Теона Митевска и актерот од Исланд, Ингвар Сигурдсон.

Веселинов европска и светска популарност стекна со неговата улога во повеќепати наградуваниот филм „Исцелител“ и се најде меѓу 10-те најдобри млади актери во подем во Европа.

Оваа награда претходно ја има добиено Лабина Митевска во 2009 и Наташа Петровиќ во 2011 година.