22-ри воведен курс по астрономија за почетници

Целта е посетителите да се запознаат со основните поими и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука

16

Скопското астрономско друштво, од утре, 12 март, го организира редовниот воведен курс по астрономија.

Курсот се одржува 22. пат во 20-годишното постоење на друштвото. Целта е посетителите да се запознаат со основните поими и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставени преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат двапати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ), со почеток од 20 часот.

Предвидени се 10 термини, меѓу кои и посета на Планетариумот при Младинскиот културен центар во Скопје и теренско набљудување на ноќното небо.

Повеќе информации може да се прочитаат на www.astronomija.mk или на фејсбук-страницата на друштвото.