Градските власти во Ливерпул дадоа зелено светло за изградба на новиот стадион на Евертон која ќе изнесува 500 милиони евра.
Новиот стадион на Евертон ќе биде изграден на Брамли-Мур докот и ќе има капацитет од речиси 53.000 седишта.Во Евертон се надеваат дека изградбата ќе започне на лето, а стадионот ќе биде завршен за три години.
Ова значи дека легендарниот стадион „Гудисон парк“ по 129 години заминува во пензија. Евертон е основан 1878 година, а на „Гудисон парк“ игра од 1892 година.
Иако не сакаа да се откажат од традицијата и да го напуштат култниот стадион, но челниците на клубот се незадоволни од приходите во последните години, „Гудисон парк“ има капацитет помал од 40.000 седишта и сметаат дека со новиот стадион заработката драстично ќе се зголеми со што ќе му овозможи на тимот посериозно да се вмеша во трката по трофеите.
– Денеска е остварен еден мал чекор на нашиот долг пат, но тоа е многу важен чекор. Заедно со косопственикот Фарак Мошири сакам да им се заблагодарам на сите за посветеноста и напорната работа која не донесе до тука. Благодарни сме на бројните организации, градот и десетици илјади навивачи кои не поддржаа –порача Бил Кенрајт, претседателот на Евертон.
✅|🏟| APPROVED – A detailed planning application for a new 52,888 capacity stadium at Bramley-Moore Dock has been approved by @lpoolcouncil. Our outline plans for Goodison Park are due to be heard next… pic.twitter.com/EY84xNDc3r
— The People’s Project (@PeoplesProject_) February 23, 2021