Култниот Ф1 тим се продава?

twitter/News24

Една од најпознатите Формула 1 екипи во историјата Вилијамс ја разгледува можноста за продажба.

Челниците на Вилијамс рагледуваат неколку опции како дел „новиот стратешки правец“ кој вклучува продажба на малцинскиот или мнозинскиот удел од акциите или дури и целата компанија.

Вилијамс е основан во 1966 година од страна на Френк Вилијамс и е трета најуспешна екипа во историјата на Ф1 со девет контрукторски и седум возачки титули.

– Френк секогаш на првото место го ставаше тимот, работата, нашите луѓе и тоа и сега го правиме. Френк секогаш е запознаен со олдуките на Одборот и ни дава поддршка. Тој сака да обезбеди успеси на тимот и во иднина и ја сфаќа актуелната состојба и е согласен дека ова е вистинското време за дополнителни инвестиции за да се остварат нашите цели – изјави заменик директорот Клер Вилијам, која е ќерка на Френл.

Вилијамс има големи проблеми во последните две сезони сезони завршуваше како последен во редоследот кај конструкторите.

Групацијата Вилијамс минатата година пријави загуби од 15 милиони евра, додека оваа година поради пандемијата на коронавирусот и одложените трки, загубите се далеку поголеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот