„КулКола“: Русија најде начин како да ги замени пијалоците на Кока-Кола

Руската верзија на пијалоците на Кока-Кола/ Фото ochakovo.ru

Руски производител на пијалоци претстави нова марка на безалкохолни пијалоци кои ќе ги заменат познатите брендови кои го напуштија рускиот пазар по нејзината инвазија на Украина, пишува Москва Тајмс.

Наместо Кока-Кола, Фанта и Спрајт, Русите ќе можат да избираат меѓу КулКола, Фенси и Стрит, објави во понеделникот рускиот производител на пијалоци Очаково.

Трите глобални брендови на газирани пијалоци главно отсуствуваат од руските полици откако компанијата Кока-Кола го прекина бизнисот во Русија уште во март. Додека производите на Кока-Кола сè уште може да се најдат во продавниците, цените се зголемија за приближно 200%.

КулКола има „легендарен вкус на кола“, напишаа од Очаково на интернет. Во меѓувреме, шишињата на брендот со вкус на портокал „Фенси“ и „Стрит“ ги имитираат боите и вкусот на Фанта и Спрајт.

Основан во Советскиот Сојуз во 1978 година, Очаково во голема мера произведува традиционални руски пијалоци како што се ферментиран квас и медовина.

Фирмата не е единствената компанија која се обидува да профитира од отстапувањето на Кока-Кола од рускиот пазар.

Во април, компанија за пијалоци со седиште во рускиот Далечен Исток, Slavda Group, го лансираше Гринк Кола за да се обиде да ги освои срцата на руските љубители на газираните пијалоци. Во меѓувреме, во мај, во северниот руски регион Коми, фабриката Сиктивкарпиво лансираше сопствен бренд на сода, Коми Кола.

Сепак, и двете алтернативи добија мешан одговор, при што клиентите се жалеа дека ниту еден пијалок не е „сладок и пенлив“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот