Кулинарски трикови: Како да подготвите совршени тиквички

Фото: Профимедиа

Првите тиквички веќе пристигнаа на тезгите на пазарите. Овој здрав и хранлив зеленчук може да се консумира веќе во мај, а претставува главно јадење на менито сè до есен. Ако тиквичките ги приготвувате секогаш на ист начин, ако често не ви успеваат, ако се прашувате како да ги подобрите вашите рецепти, прочитајте кои се тајните за подготовка на вкусни тиквички.

Едно од основните правила при подготовката на тиквичките е добро да ги исушите пред да ги зготвите, бидејќи содржат доволно вода и вишокот е апсолутно излишен. Ова правило особено се однесува ако ги пржите или печете во рерна.

Салфетката е одлична помош при подготовката на тиквичките. Не само што ќе ви помогне да го отстраните вишокот вода, туку ќе го впие и вишокот маснотии. По пржењето, омилениот зеленчук задолжително ставете го на салфетка и свртете го од двете страни. Секако, за другата страна користете нова салфетка и тиквичките нема да бидат толку мрсни.

Она што е важно да се знае е дека тиквичките се посолуваат само кога се готови. Ако ги посолите пред подготовката, тие ќе испуштат вода. Можете да ги посолите пред подготовката, но потоа мора и добро да ги исцедите за да успее јадењето.

Тиквичките може да се подготват на милион различни начини, ако не се пржени или печени. Но, тогаш би било добро да ги маринирате за да бидат уште повкусни. Во маринадата чувајте ги барем еден до два часа, а потребни ви се оцет, маслиново масло, мелен лук и зачини по желба. Ова се основните состојки и секако можете да ги приспособите по ваш вкус.

Свежите, млади и мали тиквички не треба да ги лупите. Едноставно измијте ги и исечете ги или изрендајте ги сосе целата кора.

Постои една состојка што ќе ги направи тиквичките совршено вкусни, а тоа е пивото. Ако правите похувани, печени, на скара, задолжително додајте чаша пиво, ќе биде поароматично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот