Кулев: Лозарите да бидат единствени во формирање на цената пред бербата

Грозје / Фото: МИА

-За нашата мака не треба некој друг да ни ја диктира цената, вели претседателот на здружението „Напредни лозари“.

Претседателот на регионалното здружение „Напредни лозари”, Трајче Кулев смета дека најдобро е производителите на грозје да формираат цена за трпезните сорти пред почетокот на бербата.

Според него, лозарите кои ги произведуваат сортите „кардинал”, „викторија”, „афусали”, „страшински”, „мишел”,…, како и вински сорти, треба да бидат единствени во формирањето на цената.

-За нашата мака не треба некој друг да ни ја диктира цената, а тоа се трговците прекупци кои ги има многу и неколкуте откупни пунктови низ Кавадарци и Тиквешијата. Ние како производители треба да сме задоволни од цената и пласманот, трудот да ни се исплати, вели Кулев за МИА.

Тој ги повика лозарите на заеднички состанок во најкус рок на кој, како што рече, детално би се продискутирало околу цената на грозјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот