Кулеба вели дека знае од каде се испратени „крвавите пакети“ со животински очи во украинските амбасади

Фото: Daniel Go / Flickr

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека сите сомнителни пакети испратени до украинските амбасади низ Европа дошле од застапништво на автомобилите „Тесла“ во Германија и обично биле испратени од пошти без видеонадзор.

„Вакви пакети добија 15 земји, во кампања на терор против украинските дипломати“, напиша Кулеба на социјалните мрежи.

Украина минатата недела соопшти дека „крвави пакети“ со животински очи биле испратени до неколку нејзини амбасади во Европа. Неколку дена претходно во украинската амбасада во Шпанија беше детонирано писмо-бомба.

„Сите пликови имаат иста адреса на испраќачот: салон за автомобили „Тесла“ во германскиот град Синделфинген. Вообичаено, пратката одела од пошти кои не биле опремени со системи за видео надзор“, напиша Кулеба и додаде дека „криминалците презеле мерки да не остават траги од нивната ДНК на пакетите“.

„Тој детал особено укажува на професионалното ниво на имплементација“, напиша шефот на украинската дипломатија.

Засега нема коментари од Берлин, ниту од раководството на компанијата за електрични автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот