Кулеба: Партнерите на Украина се подготвени да поддржат пакет санкции против Русија во случај на инвазија

Дмитро Кулеба
Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина / Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Меѓународните партнери на Украина се подготвени да се приклучат на санкциите против Русија во случај на нова инвазија врз земјата, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, додавајќи дека пакетот санкции вклучува три нивоа – политички, економски и безбедносни.

– Знаците на растечка воена активност на Русија долж границите на Украина ги уверија меѓународните партнери, па тие во последните две недели од разговорите за санкции против Русија во случај на нова инвазија преминаа на конкретни активности за нивно развивање и спроведување, рече Кулеба.

Кулеба посочи дека Украина и нејзините партнери сега првенствено работат на тоа воената опција да биде што понеисплатлива за Русија.

Кулеба потсети и дека третиот елемент од пакетот за одвраќање на Русија е систематската помош на секоја земја во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина и нејзините вооружени сили.

Тој жестоко ја отфрли секоја идеја за одбивање на Украина да се приклучи на НАТО во согласност со руските барања.

– Само украинскиот народ ќе одлучи каде и како Украина ќе се движи и интегрира. Ова е прашање на принцип, нагласи тој.

Бајден разговараше со европските сојузници по видео-средбата со Путин

Видео на денот