Кулеба: Немаме друг избор освен да победиме во војната, не даваме ниту педа за нашата земја

Дмитриј Кулеба / Фото: Profimedia

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека неговата земја нема друг избор освен да победи во војната бидејќи исклучува можни отстапки за Русија кои би можеле да доведат до прекин на огнот.

Во изјава за Блумберг, Кулеба ја опиша кризата како „војна за егзистенција“ и рече дека е важно Украина сега да ги запре руските сили.

– Учествувајте во победата со нас за доброто на светот бидејќи ова не е само војна на Русија против Украина, ова е закана што Русија ја претставува за целиот свет, рече тој и додаде: „Мораме да ги запреме овде за другите да не страдаат како нас”.

– Ова е војна за нашето постоење бидејќи претседателот Путин не го признава нашиот идентитет, не го признава правото на украинската држава да постои, рече Кулеба.

– Затоа разбираме дека немаме друг избор освен да победиме во оваа војна, бидејќи тоа е војна за нашето постоење, рече Кулеба и додаде дека победата во војната ќе значи враќање на територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници.

– Немаме намера да заземеме ничие парче земја, дури ни педа, туку сакаме сè што ни припаѓа да биде наше, нагласи тој.

Министерот за надворешни работи на Украина ги отфрли потенцијалните отстапки за Русија кои би можеле да доведат до прекин на огнот во војната.

– Ова е неиспровоцирана војна. Ниту Украина, ниту Европа, ниту НАТО, ниту САД не го испровоцираа Путин да го направи тоа што го прави и затоа тој мора да сноси целосна одговорност за тоа, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот