Кулеба: Ако Минск го признае Крим за дел од Русија, тоа неповратно ќе ги наруши белоруско-украинските односи

Дмитриј Кулеба
Дмитро Кулеба/ Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Доколку Белорусија го признае Крим како дел од Русија, тоа ќе им нанесе непоправлив удар на украинско-белоруските односи, изјави денеска шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба.

Ќе ги проценуваме неговите постапки (на Лукашенко). Доколку Белорусија навистина ја призне незаконската окупација на Крим од страна на Русија, тоа ќе им зададе непоправлив удар на украинско-белоруските односи. Ние ќе делуваме сеопфатно, рече Кулеба во Рига, каде се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Тој, исто така, додаде дека Крим не е прашањето „каде Украина може да си дозволи да биде воздржана”.

Претходно белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека неговото заминување на Крим ќе значи признавање на полуостровот како дел од Руската Федерација, додавајќи дека од руска страна очекува покана за посета на Крим со конкретен датум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот