Кукуловски: Е. Пелистер оди на победа на секој натпревар

фото: РК Е. Пелистер

Е. Пелистер утре го очекува дуел со Металопластика во СЕГА Лига, а бекот Дејан Кукуловски, вели дека битолчани одат на победа иако немаа премногу време за подготовки.
– Добро се чувствувам, се враќам од повредата. Малку поспоро одеше враќањето, но не е нешто сериозно и ќе бидам спремен за следните натпревари. Немавме многу време да се спремаме за Металопластика, но одиме во Шабац по победа. Нема да биде лесно, Металопластика е одлична екипа, но се спремаме колку што имаме време и тоа е тоа. Добро сме спремни, се враќаме во ритам, се враќаат репрезентативците. Ние играме на секој натпревар на победа, па што биде нека биде – вели Кукуловски.

Видео на денот