Кукли летаат на сите страни: Екстремен тест кој ја илустрира важноста на безбедносните ремени

И покрај тоа што во возилото се наоѓаат само кукли, она што им се случува за време на тестот, ве тера да размислите сериозно.

„Форд“, во далечната 1998 година, спроведе тестови на својот модел- генератор Explorer, со цел да покаже до кој степен каросеријата на големиот теренец е навистина цврста и стабилна.

Тестот е извршен на малку поинаков начин од она на што обично сме навикнати. Па така, наместо да симулира фронтален или страничен судир, симулира вртење на возилото по надолжната оска.

Во кабината имало кукли, кои ги „глумеле“ возач и патници, а не биле врзани со безбедносни појаси.

Крајниот резултат од тестот покажа дека Форд Експлорер е навистина стабилен и издржлив теренец, а исто така ја покажа важноста на носење на безбедносните ремени додека возите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот