Куќен притвор за руската новинарка која се противи на инвазијата во Украина

Фото: Alexander NEMENOV / AFP / Profimedia

Руската новинарка Марина Овсијаникова, која стана позната откако во март го запре емитувањето на Дневникот на продржавната руска телевизија, носејќи транспарент против офанзивата во Украина, денеска е ставена во домашен притвор.

Рускиот суд објави дека на Марина Овсијаникова и е одреден домашен притвор до 9 октомври.

Таа беше уапсена вчера поради „дискредитација“ на армијата и се соочува со можна затворска казна до десет години.

Новинарката од крајот на јули двапати беше осудена на парични казни за „дискредитација“ на руската армија, поради нејзините пораки на социјалните мрежи во кои ја критикува инвазијата во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот