Куќата во која пораснал Доналд Трамп повторно на продажба – цената непозната (ВИДЕО)

Куќата од детството американскиот претседател Доналд Трамп во њујоршката населба Квинс повторно е на аукција, а цената не се открива. Лицитирањето е започнато денес и ќе биде отворено до 14 ноември, пренесува српски „Курир“.

Џемејка Естејст претходно оваа година е проценет на 2,9 милиони долари, што е многу повеќе од просечната продажна цена за една семејна куќа за ова подрачје.

– Вредноста не е во циглите и малтерот, туку во соработката со претседателот на САД – рече Миша Хагани, директорот на Парамоунт реалити Ју-Ес-Еј.

„Да беше само куќа, ќе котираше нормално и ќе вредеше околу милион долари“, додаде тој.

Куќата од 2500 квадратни метри последен пат е продадена во 2017 година за 2,14 милиони долари на акуција на купец кој ја купил за инвестициски цели, рече Хагани, на ден пред инагурација на Трамп.

Пред тоа, продадена е за 1,39 милиони долари само две недели пред инвеститорот. Исто така, таа беше и на пазарот за закуп од 4.000 долари месечно и на сајтот за краткорочен наем „Ер Би-Ен-Би“ за 725 долари по ноќ во 2017 година. Идентитетот на сопственикот не беше објавен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот