Куќата на „американскиот шпион“ под лупа – ЕВЕ што откриваат соседите (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Репортер на РИА новости го опишал градот Стафорд во САД, во кој живее фамилијата на Олег Смоленков, за кој се тврди дека е американски шпион.

Фамилијата на Смоленков бргу ја напуштиле куќата кога приметиле дека во нејзина близина се појавуваат новинари, дознал од соседите Грег Тали, кој живее во куќата преку патот.

Тали вели дека дознал кој му е сосед дури кога на вратата му затропал новинар на порталот Дејли бист.

„Тој новинар пред некое време затропа на мојата врата, па отиде до следната куќа. Потоа разговарав со својата сосетка, на која исто така и се обратил и ми рече дека и ги поставувал истите прашања. Бидејќи во тој момент немаше никој во куќата на Смоленков, тој седеше во колата и ги чекаше да се вратат. Меѓутоа, кога се вратија и го видоа, влегоа во куќата, а по 15 секунди излегоа и заминаа со два автомобили“, раскажал тој.

Се збори за двоспратна куќа која според документите за сопствеништво припаѓа на човек кој се вика Олег Смоленков. Пред куќата се наоѓа тревник од неколку ари, а од левата страна е патот до двете гаражи.

Сите ролетни биле спуштени, во куќата не можеле да се забележат никакви движења, а на ѕвонењето на новинарот на РИА Новости никој не се појавил. Интересно е дека под кровот можеле да се забележат безбедносни камери.

Позади куќата, на тревникот, се наоѓаат монтажен базен и детско игралиште. Тука се наоѓа и малата гостинска куќа. По тревникот имало расфрлени играчки, додека покрај оградата се наоѓала куќарка за кучето.

„Имаше ваш акцент. Да, тоа беше руски акцент. Се запознав со него кога се вселуваше. Не се сеќавам кога точно беше тоа, но знам дека беше пред 4 јули минатата година, бидејќи заедно пуштавме огномет за Денот на независноста“, раскажал комшијата Тали.

Тали понудил на сопругата на комшијата да им се придужи на останатите жители во славењето, на што таа одговорила „ноу инглиш“, со што јасно покажала дека не знае да збори англиски.Потоа го повика мажот, кој излезе од куќата и тогаш рече дека само што се вселиле, како и дека пред тоа живееле во Северна Вирџинија.

Вели дека и тогаш се запознале, но дека не му се сеќава на името. Тој исто така рекол дека и моментално не бил вработен. Ниту поштарот не можел да се смени на името на тој човек – вели дека го видел во неколку наврати, но дека никогаш не разговарал со него.

„Ми се чини дека може да е така некако“, одговорил поштарот кога рускиот новинар го прашал дали тоа има можеби е Олег Смоленков.

Соседот Тали раскажал дека никогаш не видел било какво обезбедување или полиција во близина на куќата во која наводно живеел Русинот. Во овој крај се наоѓаат околу 40 куќи и сите меѓусебно се познаваат. Меѓутоа, тој наведува дека системот за камери на таа куќа се наоѓал и кога бил тука претходниот сопственик, гледајќи дека бил сопственик на компанија која се занимавала со вградување на безбедносни системи.

https://twitter.com/_Montana_Bound_/status/1171446833194754050?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1171446833194754050&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3319719%2Fruski-reporter-obisao-kucu-u-americi-u-kojoj-zivi-porodica-spijuna-koji-je-urnisao-moskvu-evo-sta-su-sve-cudno-primetile-komsije-u-blizini-doma-olega-smolenkova-neke-misterije-im-jos-nisu-jasne-video

Тоа е најголема куќа во нашиот крај. Сегашните сопственици се петти во низа за последните 15 години, што е чудно, бидејќи повеќето од нас живеат тука од 2003 година“, рекол тој.

Никол Клементс, другата сосетка со која новинарот на РИА Новости разговарал, рекла дека самиот крај е малку чуден, бидејќи во него живеат бивши припадници на ФБИ. Таа лично, како што тврди, била вработена во воената разузнавачка служба.

„Има тука и бивши војници, во главно припадници на воената разузнавачка служба. Се е тоа логично, бидејќи во близина се наоѓа академијата на ФБИ, како и базата на маринци“, објаснува таа и додава дека е чудно што куќата се води на вистинското име на Смоленков, ако навистина испадне дека тој бил шпион за ФБИ.

„Јас такво нешто не можам ниту да замислам. Тоа ми делува надреално. Така секој би можел лесно да го пронајде“, вели таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот