КУЌА САМО ЗА 55 ДЕНАРИ И ТОА ВО ШВАЈЦАРИЈА! Треба да исполните само еден услов

Локалните власти во италијанскиот кантон Тицино во Швајцарија продаваат куќи за само еден франк (55 денари).

Станува збор за симболична цена за недвижност. Главна цел е да се привлечат нови жители во селото Монти ди Сциага во близина на италијанската граница.

На располагање се девет куќи од камен. Купувачите по заклучување на договорот се должни да ги реновираат објектите по сите тамошни прописи.

Куќите се наоѓаат во идилично опкружување со поглед на езерото Маџоре, а имаат достапни водоводни инсталации, што значително ја олеснува реконструкцијата.

Монте ди Сциага е уште едно европско село кое со евтини цени на недвижности се обидува да привлече луѓе да живеат таму.

На сличен начин локалните самоуправи привлекуваа луѓе да живеат на Сицилија, на грчките острови и на шпанските села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот