Кудуз: Поранешните вардарци ми кажаа се најдобро за клубот

фото: Слободен печат

Еден од новите ракометари на Вардар e Хрватот Анте Кудуз кој ќе биде засилување на левата бековска позиција. Кудуз доаѓа од екипата на Динамо Букурешт, а открива дека пред да потпише за Вардар, зборувал со поранешните хрватски ракометари кои го носеа „црвено-црниот“ дрес.

– Дојдов пред неколку дена во Скопје и засега се е позитивно и околу клубот и околу градот. Се чувствувам добро и можам да ветам дека ќе дадам се од себе на секој натпревар.Пред да потпишам за Вардар разговарав со хрватските ракометари кои настапуваа за овој клуб и ми кажаа се најдобро како за Вардар така и за градот, за навивачите…. – вели Кудуз.

Видео на денот