Ќучук ја поздрави новата влада и ја повика да изготви патоказ за ЕУ реформи

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент Илхан Ќучук утрово го поздрави стапувањето на должност на новата македонска влада и нејзиното „брзо формирање” во услови на глобална пандемија, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Треба да потсетиме дека Заев ги истакна и договорот со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција како основа за продолжување на реформите. Новата влада во Скопје, која е јасно проевропска сега ги има сите алатки за да го продолжи напредокот што го направи Северна Македонија во последните години. Сметам дека една од првите задачи на новата влада е да изготви патоказ за пристапување, врз основа на широк консензус во земјата, а во меѓувреме Советот на ЕУ треба да го усвои финалниот текст од преговарачката рамка за да може да се свика првата меѓувладина конференција најбрзо што може, порача Илхан Ќучук во неговата писмена реакција до медиумите.

Илхан Ќучук е известувач за Северна Македонија во Европарламентот, што значи дека тој го подготвува мислењето на оваа институција за реформите во земјата. Иако овој извештај не е правно обврзувачки, тој се зема предвид при носењето одлуки за ЕУ патот на земјата во другите институции. Ќучук е бугарски пратеник од редовите на Либералдемократите „Обнова” во ЕП.

Претседателот на Обнова, Дачиан Чиолос, изрази увереност дека македонската влада целосно ќе им се посвети на ЕУ реформите во наредниот период „за да обезбеди процес кој ќе има трансформативен ефект врз општеството, отворено и транспарентно инволвирајќи ги сите чинители”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот