КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ: Општинска или државна стратегија?

Фото: mia.mk

Општина Тетово за кастрација и вакцинација на бездомните кучиња за 2022 година обезбеди 1,5 милиони денари буџетски средства.

– Општина Тетово за 2022 година, согласно Програмата за проблемот со кучињата скитници има обезбедено 1.500.000,00 денари. Третманот ќе започне веднаш по завршувањето на постапките за јавни набавки според планот за 2022 година“, соопштија од општина Тетово.

Ветеринарот од Тетово Рами Селмани, кој има своја ветеринарна амбуланта за кастрација и оперирање за „Слободен печат“ вели дека 1,5 милиони се недоволни средства за справување со овој проблем.

– Овој буџет на Општина Тетово е многу мал. Тетово има место за вдомување на кучињата скитници, но овој фонд кој е толку мал не е доволен. Доколку се сака да се реши овој проблем, мора да се размислува за стратегија на државно ниво. Доколку ова прашање треба да се реши во иднина, сите градоначалници во Северна Македонија треба да имаат на ум дека кога се ловат кучиња, тие треба да се чуваат во прифатилиште, а не да се пуштат. Да се вакцинират, стерилизират и чуваат таму. Да се има веб-страница на која ќе се обезбедуваат бесплатни кучиња за граѓаните кои сакаат да имаат куче во својот дом и да се субвенционираат граѓаните кои примаат кучиња од општината, вели Селмани.

Според него, доколку овој проблем продолжи да се третира според важечките закони, фаќањето на кучето на едно место и пуштањето назад на тоа место по вакцинацијата и стерилизацијата е неуспешен план.

– Владата треба да одвои неколку милионски буџет за ова прашање за сите општини во државата и да преземе строги законски мерки. Единствено решение е собирање и чување на едно место, одржување на кучињата додека имаат живот или кој ќе чува куче општината да го субвенционира со 50 или 100 евра за секој месец. Значи, ова е решението ако сакаме решение, начинот на кој досега работевме е неуспешен план, нагласи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот