Кучињата и мачките во земјите на ЕУ ќе бидат подобро заштитени

Фото: pexels-krasimir-georgiev

Кучињата и мачките во земјите на ЕУ ќе бидат подобро заштитени врз основа на предложената регулатива за благосостојбата на кучињата и мачките што беше усвоена на крајот од белгиското претседателство со ЕУ, објави „Брисел тајмс“.

Во декември 2023 година, Европската комисија (ЕК) предложи регулатива за благосостојба на животните што претставува ревизија на застареното законодавство.

„Брисел тајмс“ наведува дека регулативата не ги исполнила сите очекувања, но дека се смета за прифатлива во однос на заштитата на домашните миленици.

Околу 44 отсто од домаќинствата во ЕУ имаат домашно милениче.

Трговијата со кучиња и мачки значително порасна во последните години во земјите на ЕУ и изнесува 1,3 милијарди евра годишно.

Се проценува дека 60 отсто од сопствениците на кучиња и мачки купуваат домашни миленици преку Интернет.

Нацрт-регулативата имаше за цел да воспостави еднакви услови за благосостојба на кучињата и мачките кои се одгледуваат или чуваат во одгледувачници, продавници за домашни миленици и засолништа.

Сите кучиња и мачки ќе мора да бидат микрочипирани и регистрирани во националната база на податоци пред да бидат ставени на продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот