Кучињата скитници повторно напаѓаат во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во Полициските станици Центар и Аеродром од страна на двајца скопјани била поднесена пријава за каснување од куче скитник.

Во 14,15 часот во Полициската станица Центар К.Б.(50) од Скопје, пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ возејќи се на велосипед бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Истиот ден, неколку часа порано во Полициската станица Аеродром В.Т.(72) од Скопје пријавил дека на паркингот на булевар „Авној“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот