КУЧИЊАТА комуницираат со опашката, ДОЗНАЈТЕ ШТО ВИ ПОРАЧУВААТ

Кучињата можат да откријат многу за своето расположение и намерите со начинот на кој ги мрдаат своите опашки. Разбирањето на говорот на телото на вашиот пес е многу важно за што подобра интеракција.

Научете да препознаете што сака кучето да ви каже со својата опашка.

1. Положба на опашката

Опашка подигната високо нагоре укажува на возбудување на вашиот пес. Тоа би можело да биде среќа, разиграност, но и внимание. Тоа е знак дека е многу стимулиран и дека би требало да го набљудувате за ситуацијата да не излезе од контрола.

Опашка во неутрална положба означува и неутрално расположение, што со други зборови значи дека сè е во ред.

Кога опашката е во ниска положба укажува на нервоза, страв или несигурност. Кучето би можело да заземе одбранбена позиција во обидот да се заштити.

2. Брзина

Брзината со која мавта вашиот пес исто така може многу да ви открие.

Брзото мавтање е знак за големо возбудување.

Кога го држи опашот високо горе и брзо и вкочането мавта напред назад, тоа е знак дека има непријатни намери.

Кога мавта брзо во неутрална положба, тоа е знак за неговите пријателски намери, односно така покажува возбудување и среќа.

Голема брзина на мавтање под неутралното ниво е јасен показател на нервоза кај вашиот миленик, но и неговите намери да биде покорен во такви ситуации бидејќи нешто го плаши.

Споро мавтање со опашката на која било висина, особено во неутрална положба обично укажува на среќа и доверба.

Ако вашиот миленик не мавта со опашката, тоа е знак дека е на штрек и се обидува да сфати што точно се случува.

Ако опашот е неподвижен и високо горе, приоѓајте му многу внимателно бидејќи тој е тогаш многу стимулиран и го оценува неговиот следен потез.

Ако опашот му е мирен и ниско кучето е прилично исплашено и треба да му приоѓате прилично опрезно бидејќи ќе се постави одбранбено.

3. Насока

Истражувањата покажале дека кучињата мрдаат со опашката повеќе надесно, односно налево, зависно од нивното расположение.

Ако мавта надесно, тоа е знак на позитивен став и расположение, односно среќен одговор на тоа што се случува околу него.

Но мавтањето повеќе налево е показател на негативен одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот