Кучиња-трагачи од Хрватска ја лоцираа првата жртва во рушевините по земјотресот во Албанија

Фото: HUOPP - Hrvatska Udruga za Obuku Potražnih Pasa

Хрватски кучиња-трагачи кои стигнаа Албанија, како дел од помошта која Хрватска ја вети во справување со последиците од силниот земјотрес кој ја погоди земјата, ја лоцираа првата жртва во рушевините во Драч.

– Кучињата-трагачи по пристигнувањето во Драч и тргнувањето во акција, лоцираа потенцијално жива особа во рушевините, а процесот на спасување го преземаа техничките тимови – изјави началникот на Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска.

Владата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера одлучи да испрати армиски хеликоптер во Албанија, заедно со специјален тим за спасување од урантини.

На својата Фејсбук-страна, хрватското здружение за обука на кучиња за пребарување, објави дека нивните екипи биле мобилизирани од страна на Дирекцијата за цивилна заштита за да помогнат и да дадат поддршка на албанските служби.

– Ајде да го направиме она за што со години вежбавме и се надевавме дека никогаш нема да се случи – стои во една од објавите на Фејсбук на ова здружение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот